Колин Руни, сопругата на легендата на англискиот фудбал, играчот на Ди Си јунајтед, Вејн Руни ја обвини Ребека Варди, сопругата на напаѓачот на Лестер, Џејми Варди дека „пушта“ приказни на таблоидот „Сан“ преку нејзиниот Инстаграм акаунт, предизвикувајќи „бура“ од реакции и преписка на Твитер, која секако беше следена внимателно од таблоидите.
Колин Руни ги блокирала сите освен еден акаунт кој може да го следи нејзиниот акаунт за да дознае кој ги известува „Сан“ за деталите на нејзиниот личен живот и во средата откри дека сфатила дека сопругата на Варди е единствената која можела да го направи ова.
„Неколку години некој кому му верував да ме следи на личниот Инстаграм акаунт постојано го информираше ’Сан’ за моите приватни постови и приказни. По долго време, знаев во кого се сомневав и решив да ги блокирам сите освен тој акаунт. Во последните пет месеци имаше многу приказни – за Мексико, за враќањето на ТВ и последната за поплавата во мојот подрум. Се работи за Ребека Варди“, напиша Руни.
This has been a burden in my life for a few years now and finally I have got to the bottom of it…… pic.twitter.com/0YqJAoXuK1
— Coleen Rooney (@ColeenRoo) October 9, 2019
Сопругата на ѕвездата на Лестер, пак, се правдаше дека нејзиниот акунт може да бил пристапен од некој друг.
„Како што ти кажав на телефон, беше подобро да ми се јавиш ако се сомневаш во мене. Никогаш не сум зборувала за тебе со бројните новинари. Во последните години различни луѓе имаа пристап до мојот Инстаграм. Не сакам да сум смешна, но не ми се потребни парите и тогаш зошто би продавала приказни за тебе? Вознемирена сум што реши да го правиш ова, посебно сега кога сум бремена“, напиша Ребека Варди, која најави судска разрешница.