Бразил денес ќе одигра контролен натпревар против Сенегал, а Нејмар ќе го забележи 100 настап во националниот тим. На досегашните 99 натпревари Нејмар 61 пат бил стрелец.
Репрезентативното деби Нејмар го имал на 10 август 210 година на пријателскиот меч со САД, кога и го постигна првиот гол во дресот на националниот тим.
Neymar on the eve of 100 caps at the age of 27 @CBF_Futebol ????
6⃣1⃣ goals isn't bad either ? ?pic.twitter.com/Nsw4RiEFDV
— FIFA.com (@FIFAcom) October 10, 2019
„Не сум среќен само во репрезентацијата, среќен сум и во клубот. Сите знаете што се случуваше летово, знаете дека сакав да го напуштам Париз. Таа сага е минато. Сега сум среќен, релаксиран, се чувствувам пријатно во клубот. Сезоната добро ми започна, задоволен сум како играм. Ќе се борам за клубот, ќе се орам за да забележиме добри резултати“, порачал Нејмар.
Бразил и Сенегал ќе играат во Сингапур, натпреварот ќе започне во 14 часот.
"Everybody knows I wanted to leave…" ? pic.twitter.com/G1k8hVc3g9
— Goal (@goal) October 10, 2019