Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ ќе му го препушти лидерското место на тениската АТП листа на шпанскиот тенисер, Рафаел Надал на 4 ноември годинава.
Пред завршниот Мастерс турнир во Лондон на сите играчи ќе им бидат одземени бодовите освоени минатата сезона на истиот турнир.
Ѓоковиќ оствари три победи во групата, па го совлада Кевин Андерсон во полуфиналето, но во борбата за титулата потклекна пред Александер Зверев.
Ѓоковиќ тогаш освои 1.000 поени, а Рафаел Надал не настапи на тој турнир.
Пред завршниот Мастерс годинава во Париз каде Ѓоковиќ го брани финалето, односно освоените 600 бода. Надал не брани ниту еден бод.
Со оглед дека Ѓоковиќ има само 320 бодови повеќе од Надал, тоа значи дури и да го освои турнирот во Париз, српскиот тенисер нема да може да остане на врвот на АТП листата.
Можност да стекне доволно бодови за да го одбрани првото место би можел да собере со настапи на АТП турнирите од серијата 500 во Виена и Базел, но Ѓоковиќ не може да се пријави наа нив.
Единствена надеж Србинот да остане на врвот на АТП е проблемите со зглобот на раката на Надал поради што Шпанецот се уште не е сигурен дека ќе може да настапи на споменатите Мастерси.
Ѓоковиќ и Надал имаат закажан егзибициски меч на 24 октомври во Казахстан.
По 4 дена започнува Мастерсот во Париз, а завршниот е на програмата од 10 ноември.