Top Sport

Легендарниот Јусеин Болт во масовна тепачка во Лондон

Атлетската легенда Јусеин Болт бил вклучен во масовна тепачка во доцните ноќни часови по забава низ лондонските клубови. Светскиот рекордер на 100 и 200 метри се обидувал да ја смири ситуацијата кога негови пет пријатели се судриле со друга група на луѓе во „Тој рум“ ноќниот клуб во Лондон.

Според британските медиуми 30-тина луѓе биле вклучени во тепачката, која се случила на тротоарот пред клубот во 3 часот наутро. Снимките од мобилен телефон кои ги објави британскиот таблоид „Сан“ покажуваат како Болт се обидува да ја смири ситуацијата влечејќи го своите пријатели.

Портпаролот на метрополитан полицијата на Лондон, потврди дека интервенирале во улична тепачка во 3:10 часот натуро, но дека немало луѓе со посериозни повреди.

Болт освои осум златни медали на три Олимпијади и многумина го сметаат за најголемиот спринтер во историјата.

Scroll to Top