Top Sport

Клозе: Левандовски е десет пати подобар од мене

Мирослав Клозе е рекордер по бројот на постигнати голови на Светските првенства и легенда на германскиот фудбал, но смета дека ѕвездата на Баерн Минхен и полската репрезентација, Роберт Левандовски е „десет пати подобар“ од него.

Клозе, кој е роден во Полска, но настапуваше за германската репрезентација, постигна 71 гол во 137 настапи за „маншафт“, а исто така имаше и 121 гол во Бундеслигата играјќи за Кајзерслаутер, Вердер Бремен и Баерн Минхен.

Оваа бројка беше помината од Левандовски, кој има 213 голови во 297 настапи за да биде четврти на вечната листа. Тој утре ќе биде најголема закана за македонската репрезентација во квалификацискиот меч за Евро 2020.

„Роберт Левандовски наликува на мене во играта, но сигурно е десет пати подобар од мене. Тој е комплетен напаѓач, ги користи двете нозе, силен е во воздух и има одличен удар“, вели Клозе за „Спорт билд“.

Клозе си замина од Баерн во 2011 потпишувајќи за Лацио, три години пред Левандовски да пристигне на „Алијанц арената“.

Scroll to Top