Top Sport

Леклер ја доби заслужената казна

Возачот на Ферари Шарл Лекелр ја доби заслужената казана за инцидентот што го предизвика на трката за Големата награда на Јапонија.

Возачот од Монако во втората кривина, веднаш по стартот, го истурка од патеката Макс Верстапен, по што пилотот на Ред Бул ја заврши трката.

Леклер не сакаше да оди ниту во боксот иако од неговиот болид паѓаа делови.

Поради инцидентот тој е казне со пет секунди, а со дополнителни десет секунди е казнет бидејќи ја продолжил трката со оштетен болид. Ферари поради Леклер се казнети парично со 25.000 евра.

Во конечниот пласман поради казната од 15 секунд Леклер заврши на седмото место.

Scroll to Top