Еден од најпознатите американски медиуми ЕСПН пишува дека Вест Бромвич Албион и Њукасл ќе се обдат во јануарскиот преоден рок да го денесат во своите редови напаѓачот на Црвена звезда Римонд Боачи.
Напаѓачот од Гана со своите добри партии во српското првенство и особено во Лига Европа го привлече вниманието на неколку екипи од Премиер лигата.
Според ЕСПН, извор близок до фудбалерот рекол дека овие два премиерлигашки тима сериозно размислувале за Боачи бидејќи имаат приблеми со реализицијата.
Њукасл има постигнато 16 гола на исто толку натпревари во Премиер лигата, додека Вест Бром на 16 натпрвари има постигнато само 12 гола.
Боачи оваа сеозна во Суперлигата на Србија има постигнато 14 гола, а во Лига Европа, вкклучувајќи ги и квалификациите постигна осум гола. За Црвена звезда има одиграно 46 натпревари на кои постигнал 37 гола.