Шампионот во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот Марк Маркез е голем фан на фудбалскиот клуб Барселона. Тој има свој коментар за осмина-финалната ждрепка во Лигата на шампионите која ги спои Реал и ПСЖ, односно Челси и Барселона.
Младиот Шпанец со гласна насмевка го испратил прашањето дали шпанските тимови ќе го минат осмина-финалето.
„Барселона да…се шегувам секако! Тоа се два тешки противници, страшна е и самата помисла дека ПСЖ ќе игра против еден толку моќен ним каков што е Реал“.
Дали во Барселона повторно ќе го засакаат Нејмар?
„Тоа е јасно. Мене Нејмар секогаш ми се допаѓал како фудбалер, бидејќи е спектакуларен. Ова ќе бидат четири многу интересни натпревари“, заклучил Маркез.