Top Sport

„Гвардиола е број 1, Клоп број 2“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, смета дека Ливерпул ќе има тешка задача на „Олд Трафорд“. Најголемото англиско дерби се игра в недела во Манчестер од 17.30 часот. Последениот дуел на Манчестер Јунајтед и Ливерпул на „Олд Трафорд“ завршил без голови.

„Ливерпул пропуштија голема шанса минатата сезона да победат на Олд Трафорд“. Можеби тогаш ја загубија титулата. Знаеме каков квалитет поседуваат „црвените“, како тим се одлични , но мора да дојдат во Манчестер и да победат“, рекол Сколс.

Во пресрет на дербито Ливерпул е единствениот тим во Премиер лигата со максимални осум победи и освоени 24 бода, додека Јунајтед досега освоиле само девет бода и забележале скромни две победи.

„Јунајтед мора да почнат да победуваат. Сите знаеме дека на Солскјер му е потребно време, но доколку резултатите бидат лоши луѓето ќе го загубат трпението“.

Сколс одговорил и на прашањето дали во овој момент Јирген Клоп е најдобриот тренер во светот?

„Сепак би рекол дека најдобар е Гвардиола. Знам дека Ливерпул во овој момент имаат осум бода повеќе од Сити, дека ја имаат титулата во Лигата на шампионите, но на Клоп му фали титула во Премиер лигата. Клоп е одличен менаџер, поради тоа не сакам да ме разберете погрешно. Неговиот тим игра одлично. Сепак јас би го ставил Гвардиола на првото место. На второто место е Клоп“, рекол Сколс.

Scroll to Top