Top Sport

Половина милион луѓе ја славеа титулата на Тигрес (видео)

Половина милион луѓе, или половина од жителите на Монтереј во понеделникот излегоа на улиците на градот за да ја прослават титулата на Тигрес од Лига МХ.

Според владата на покраината Нуево Леон, фановите биле распределени на 10 километри од стадионот на Тигрес до плоштадот Маркоплаза во центарот на Монтереј, од кои повеќето беа во жолто-сини дресови.

Тимот на Тигрес со автобус дојде на центарлниот плоштад каде што го покажа својот трофеј, иронично освоен со победа над градскиот ривал ЦД Монтереј во неделата.

Тренерот на Тигрес, Рикардо „Тука“ Ферети ја прослави титулата со тоа што им дозволи на неговите играчи да ги избричат неговите мустаќи. Ова е шеста титула на Ферети.

Тигрес со мексиканската титула (видео)

Scroll to Top