Саудискиот принц Мохамед бин Салман не се откажува од желбата да ги купи Манчестер јунајтед, и по третпат ќе даде понуда за „ѓаволите“, откако претходниот обид за 3 милијарди фунти да го купи беше неуспешен.
Јунајтед од 2005 година се во сопственост на семејството Глејзер, кои зад себе имаат империја од недвижнини и го поседуваат НФЛ клубот Темпа Беј буканирс, но успехот недостасува на „Олд Трафорд“.
Според „Дејли мирор“, Бин Салман, подготвува нова понуда по одбивањето на таа од минатата година. Ко-сопственикот на Јунајтед, Кевин Глејзер, неодамна постави 13 отсто од клубот на берзата во Њујорк, што може да се толкува како тестирање на заинтересираноста за купување на клубот. Глејзер иначе го купи клубот за 1.4 милијарди долари.