Top Sport

Френки де Јонг доби аплаузи и од навивачите на Еибар (видео)

Френки де Јонг очигледно убаво се вклопува во играта на Барселона, откако дури и навивачите на Еибар му аплаудираа кога тој беше заменет при 3:0 победата на каталонскиот клуб.

22-годишниот Холанѓанец играше до 79. минута од мечот со Еибар, кога беше заменет од Иван Ракитиќ, по што навивачите на „Ипуруа“ го испратија со аплауз.

Импресиониран беше и Лео Меси, кој изјави дека Де Јонг е „комплетен фудбалер и не беше тешко да се вклопи во нашиот тим“.

Scroll to Top