Раџа Наинголан ова лето се врати на Сардинија, во Каљари, клубот во кој направи име, и покажа колку може да биде вреден на тимот, по спектакуларниот гол во неделата против СПАЛ за да ги инспирира за 2:0 победа со која клубот се искачи на петтото место на табелата пред Рома, која одигра без голови кај Сампдорија во меч кој беше блиску до откажување.
Наинголан во деветтата минута од мечот на „Сардења арената“ доби одбиена топка и од над 20 метри го „уништи“ противничкиот голман. Паоло Фараго во 67. минута ја потврди добрата форма на Каљари, кои немаат пораз во шест меча во Серија А.
СЕРИЈА А, 8.КОЛО
Каљари – СПАЛ 2:0
Сампдорија – Рома 0:0
Удинезе – Торино 1:0
I could watch this Nainggolan goal on repeat foreverpic.twitter.com/BIBCgjhifP
— Zito (@_Zeets) October 20, 2019