Top Sport

Мерцедес го „грабнаа“ шефот на мотори на Ферари

Поранешниот шеф на моторите на Ферари, Лоренцо Саси ќе ги однесе своите „тајни“ кај главниот ривал на италијанскиот тим, откако замина за четирикратните актуелни шампиони Мерцедес.

Уште во јули, претседателот на Ферари, Серџо Маркионе потврди дека ценетиот Саси веќе не работи на Ф1 тимот.

„Саси продолжува со развојот на својата кариера. Истото се случи и со Енрико Кардиле“, изјави тогаш Маркионе.

Маркионе зборуваше за Енрико Кардиле, кој беше поместен од ГТ програмата на Ферари за да го води аеродинамичкиот оддел на тимот. Но, Саси не сакал да работи надвор од Ф1 за Фиат-Крајслер и според „АС“, тој заминува за Бриксворт во дизајнерскиот оддел на Мерцедес.

Ова нема да биде првпат човек на висока позиција да дојде во Мерцедес од Ферари, откако истото го направија Алдо Коста и Џејмс Елисон.

Scroll to Top