оследнопласираниот тим од Ла лига, Леганес го отпуштија тренерот Маурисио Пелегрино, откако во девет кола не успеаја да остварат ниту една победа.
„Леганес и Маурисио Пелегрино взаемно се согласија да тргнат по посебни патишта. Аргентинскиот тренер, кој ни обезбеди опстанок минатата сезона, нема да го води тимот против Мајорка следниот викенд. На клупата ќе биде тренерот на резервниот тим Луис Сембранос и неговиот помошник Карлос Мартинез“, се вели во соопштението на тимот.
Леганес загубија со 2:0 од локалниот ривал Хетафе во саботата и се последни на табелата со 2 поени по 9 меча. Пелегрино е поранешен тренер на Валенсија, Саутемптон и Алавес.