Top Sport

Санчо, Де Лихт и Феликс меѓу фаворитите за Копа трофејот

„Франс фудбал“ ги објави 10-те номинирани за наградата „Копа трофеј“ за најдобар млад фудбалер, во која главни фаворити за освојување на престижната награда која го носи името на поранешниот француски фудбалер Рајмонд Копа се Џејдон Санчо, Матијс де Лихт и Жоао Феликс.

Ова е само втора година во која се доделува овој трофеј, откако лани со неа заслужено се закити напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе победувајќи ги Кристијан Пулишиќ и Џастин Клајверт. Трофејот е уникатен бидејќи него го доделуваат поранешните освојувачи на „Златната топка“, како Лео Меси, Кристијано Роналд и Лука Модриќ.

Покрај Феликс, Санчо и Де Лихт, во конкуренција за победата се и Моисе Кин (Евертон), Семјуел Чуквуезе (Вилјареал), Канг-Ин Ли (Валенсија), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Каи Хаверц (Баер Леверкузен), Матео Гендузи (Арсенал) и Андриј Лунин (Реал Валјадолид).

Scroll to Top