По пауза од осум меча во Бундеслигата, Борусија Дортмунд славеше победа, откако во првиот натпревар под водство на Петер Штегер триумфираше со 2:0 на гостувањето кај Мајнц.
Сократис во 55. минута и Шинџи Кагава во 89. минута беа прецизни за „милионерите“ за победа со која Борусија се искачи на 4. место во Бундеслигата со 25 поени, 10 помалку од лидерот Баерн Минхен.
Лајпциг пак, полека го губи темпото со Баерн, откако одигра само 1:1 со тимот на Волфсбург и пропушти шанса да се доближи до Баварците.
БУНДЕСЛИГА, 16.КОЛО
Волфсбург – РБ Лајпциг 1:1
Фрајбург – Борусија Менхенгладбах 1:0
Хамбургер – Ајнтрахт Франкфурт 1:2
Мајнц – Борусија Дортмунд 0:2