Top Sport

Нема криза во Челси, Барнли се искачи на четвртото место (видео)

Англискиот шампион Челси полека ја надминува кризата, откако со убедлива победа од 1:3 на незгодното гостување во Хадерсфилд се израмни со Манчестер јунајтед со 35 поени на третото место на табелата.

Тимуе Бакајоко на критиките за слабата форма одговори со гол во 23. минута за водство на „Сините“ по одличната асистенција на Вилијан, кој во финишот на првото полувреме зголеми на 0:2.

Одличната партија на Бразилецот Вилијан беше комплетирана во 50. минута од мечот, кога тој најдобро се снајде во шестнаесетникот и му додаде на Педро, кој ефективно го совлада голманот Лесл. Хадерсфилд успеаја да постигнат гол за „утеха“ во 93. минута преку Лорен Депотр.

Тимот на Барнли ја продолжи својата импресивна сезона во Премиер лигата, откако Ешли Барнс во 89. минута го постигна единствениот гол во дуелот со Стоук, за тимот на Шон Дајч да ја продолжи сезоната од соништата.

Остатокот од мечевите од 17. коло се играат утре.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 17.КОЛО

Барнли – Стоук 1:0

Кристал Палас – Ватфорд 2:1

Хадерсфилд – Челси 1:3

Scroll to Top