Top Sport

Баерн ќе тргнат по Умтити

Баерн Минхен забрзано бараат играч кој ќе го заземе местото на Николас Зуле. Зуле минатиот викенд кај Аугсбург ги повредил предните вкрстени лигаменти поради што го очекува долга пауза.

Германските медиуми шпекулираат дека Баерн ќе се обидат да го донесат играчот на Барселона Самуел Умтити. Францускиот репрезентативецот минатата сезона имаше проблеми со повредите, поради што испадна од првиот тим.

Во саботата го одигра целиот меч против Еибар, но два дена потоа се повредил на тренингот на Барселона. Поради повредата тој не се отпатува со екипата во Прага, каде Барселона вечерва игра против Славија.

Барселона за Умтити во минатото бараше 60 милиони евра, но во Минхен веруваат дека ќе можат да го добијат за 45 милиони евра.

Scroll to Top