Лестер сити барем привремено се искачи на второто место во Премиер лигата со само пет поени помалку од Ливерпул, откако во првиот меч од 10. коло со неверојатни 0:9 го декласираше тимот на Саутемптон на нивниот „Сент Мерис“ стадион.
Лестер, кои оваа година загубија само од Манчестер јунајтед и Ливерпул, стигнаа до рано водство во 10. минута преку Бен Чилвел, но „компасот“ Саутемптон го загуби две минути подоцна кога остана со играч помалку по црвениот картон на Рајан Бертранд.
До крајот на полувремето, „лисиците“ го „газеа“ противникот – Тилеманс (17. минута), Перез (19. и 39. минута) и Варди (45. минута) донесоа 0:5 водство на гостите, што е само втор случај во Премиер лигата еден тим да има ваква предност по 45 минути игра (покрај Манчестер сити против Барнли во 2010 година).
Но, понижувањето не сопре тука. Ајозе Перез го комплетираше хет-трикот во 57. минута, една минута подоцна Варди зголеми на 7:0, пред Џејмс Медисон во 85. минута да стрела за 0:8. Мизеријата на Саутемптон заврши едноцифрено, откако и Варди постигна хет-трик со гол од пенал во 93. минута од мечот.