Флојд Мејведер Јуниор вели дека доколку би ја прекратил пензијата би можел да заработи милијарда долари во три или четири мече во УФЦ.
Мејведер го совлада Конор Мекгрегор во супер-меч во август, заработувајќи 100 милиони долари, но оттогаш остана на тврдењето дека е пензиониран до оваа објава на социјалните мрежи.
„Неодамна ми се јавија и побараа да се вратам. Можам да го направам тоа веднаш. Да сакав ќе отидев директно во УФЦ и ќе се борев во октагон. Можам да склучам договор за три-четири меча и да направам милијарди долари. Не заборавајте, јас сум Флојд ’Мани’ Мејведер“, напиша Американецот.
Минатата недела Мејведер посочи дека тој го направил Мекгрегор да „изгледа добро“ во рингот, а сега додава дека верува дека е најголемиот спортист на светот.
„Има само еден најголем на сите времиња, и тоа сум јас. Подобро никој да не зборува за други најголеми. Јас ја комплетирав мојата кариера во најдобар стил. Задржав 100 отсто од парите кои ги заработив и останав сам свој шеф“, додаде Мејведер.