Top Sport

Иниеста: Ќе ми пречи ако Нејмар заврши во Реал

Андрес Иниеста признава дека нема да му биде сеедно да го види „уникатниот и одлучувачки“ Нејмар во Реал Мадрид, бидејќи така ќе се засили главниот ривал на Барса.

Нејмар си замина од Барселона при контроверзни околности во август, откако Пари Сен-Жермен ја откупи неговата откупна клаузула од 222 милиони долари. 25-годишниот Бразилец помина четири години на „Ноу Камп“, но го прекрати славното партнерство со Лионел Меси и Луис Суарез за шанса да го предводи тимот од француската престолнина.

Иако досега  тој импресионира во дресот на „Принцовите“, шпекулациите дека ќе се врати во Шпанија и тоа во дресот на Реал Мадрид не престануваат. Неодамна ,претседателот на Реал, Флорентино Перез му порача дека во „Лос бланкос“ ќе може да ги освои сите трофеи и сите индивидуални награди. На Иниеста не би му било сеедно ако тоа се оствари.

„Би бил индиферентен, бидејќи тоа не е важно во таква смисла за мене, но малку би ми пречело бидејќи таков уникатен и одлучувачки проблем би бил големо засилување за нашиот најголем ривал. Но, ова е хипотетички. Во фудбалот сè е можно“, вели Иниеста.

Scroll to Top