Диего Симеоне побара од сите фудбалери на Атлетико Мадрид да бидат „како коњи“ и да влечат во иста насока по 2:0 победата над Атлетик Билбао.
Со овој триумф се прекина низата од три последователни ремија на „јорганџиите“ и се смени атмосферата на „Ванда метрополитано“ откако Коке доби аплаузи четири дена откако беше исвиркан при 1:0 победата над Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Симеоне вели дека има потреба за обединетост.
„Мораме да бидеме заедно секогаш. Ние сме нов тим со многу нови играчи, но имаме иста цел како фановите, како директорите и како секој фудбалер. Коке може имал лош натпревар, но секогаш е тука за нас. Нашите фанови се најдобри на светот – 180.000 во три меча! Мораме да бидеме како коњи, секогаш во иста насока“, вели Симеоне.