Top Sport

ММА: Пол Дејли, човекот кој „подарува“ нокаути со лева рака! (видео)

Британскиот ММА ветеран Пол Дејли уште еднаш покажа зошто е миленик на фановите, со нов спектакуларен нокаут над Сад Асвад на Белатор 232 во саботата.

Дејли во својот 61. професионален ММА меч влезе со два порази во низа (Мајкл Пејџ и Џон Фич), но во втората рунда по кратка размена на удари, покажа дека неговиот удар не загубил од моќта, соборувајќи го противникот пред судијата да го прекине мечот.

Ова е 33 победа на Дејли во ММА борбите, и интересно, сите од нив се остварени со нокаут.

Scroll to Top