Top Sport

Се оствари стравувањето на Тудор – Аталанта го „закла“ Удинезе (видео)

Тренерот на Удинезе, Игор Тудор пред денешното гостување во Бергамо изјави дека неговиот тим треба да биде внимателен бидејќи Аталанта може да ги „распарчи“, но на крајот се случи токму тоа – иако гостите водеа со 0:1, на крајот беа поразени со неверојатни 7:1.

Стефано Окака ги донесе Удинезе до водство уште во 12. минута, но тоа беше единственото вредно што тимот го направи. Аталанта прво со двата гола на Иличиќ и едниот на Луис Муриел до полувремето имаше 3:1, за во второто полувреме да додадат уште четири гола – Муриел го комплетираше хет-трикот, а во листата на стрелци се запишаа и Пашалиќ и Траоре.

Со оваа победа, Аталанта скокна на третото место во Серија А, со 20 поени, два помалку од второпласираниот Интер и само три зад лидерот Јувентус. Наполи, откако одигра само 1:1 против СПАЛ е четврт со 16 поени (но и натпревар помалку).

СЕРИЈА А, 9.КОЛО

Аталанта – Удинезе 7:1

СПАЛ – Наполи 1:1

Торино – Каљари 1:1

Scroll to Top