Доминик Тим го победи својот добар пријател Диего Шварцман со 3:6/6:4/6:3 пред домашната публика во Виена за да го освои својот петти трофеј во 2019 година и втор на домашен терен по триумфот на Генерали опен во Кицбил во август.
Светскиот рекет број 5 е првиот тенисер кој стигнува до пет трофеи во 2019, поминувајќи ги Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Данил Медведев, а исто така е во низа од 10 победи, откако триумфираше и на Кина опен во Шангај овој месец.
Ова е прва победа на Тим во Виена, и тој е првиот Австриец со оваа домашна титула од 2010 година, кога во австриско финале Јирген Мелцер го победи Андреас Хајдер-Маурер.
Home Thiem! ?
The moment @ThiemDomi claimed his first #ErsteBankOpen title in Vienna. pic.twitter.com/BqrUbC7cBr
— Tennis TV (@TennisTV) October 27, 2019