Организаторите на Мастерсот во Париз соопштија дека Роџер Федерер нема да учествува на турнирот.
Федерер, вчера, во Базел ја освои јубилејната 10 титула, 103 во кариерата, а денес се повлече од турнирот во француската престолнина.
„Жалам што морам да го откажам настапот на Мастерсот во Париз. Морам да мислам на своето тело, сакам да си ја продолжам кариерата. Сакам да им се извинам на француските навивачи. Се гледаме наредната година на Ролан Гарос“, рекол Федерер.
Швајварецот беше поставен за трет носител и во костурот се наоѓаше во истата половина со Рафаел Надал.
Мастерсот во Париз ќе започне денес и ќе трае до 3 ноември.
Наредниот турнир на кој ќе настапи Федерер е завршниот Мастерс во Лондон од 10 до 17 ноември.