Норвешка и Холандија ја формираа втората полу-финална двојка на 23.Светско првенство во ракомет за жени. Првата полу-финална двојка вчера ја формираа Шведска и Франција.
Бранителките на титулата, Норвежанките, ја декласираа Русија 34:17 (15:8), додека Холандија се мачеше со Чешка, но на крајот ја оправда фаворитската улога со победата 30:26 (17:16).
Норвежанките од самиот стар на мечот со Русија наметнаа силно темпо и со почетното водство (7:2) најавија дека немаат намера, барем во оваа фза од првенството, да ја предадат титулата.
Русинките некако се држеа во првиот дел, но во второто полувреме нивната игра целосно се распадна, а Норвежанките само ја зголемуваа предноста.
Морк беше најефикасна кај Норвешка со девет гола, еден помалку постигна Офтендал.
Холандија се намачи со Чешка, а клуч за триумфот беше Абинг, за која противничките немаа решение. Абинг постигна осум гола во првото полувреме, а натпрвеварот го заврши со 14 гола.