Top Sport

Победнички крај на 2017, Вардар славеше во Велење

Ракометарите на Вардар со победа во Велење ја завршија најуспешната година во историјата на клубот. Актуелниот европски и СЕХА шампион го победи Горење 30:24.

Вардар, во 11 натпревари во СЕХА лигата има исто толку победи, а триумфот над Горење беше 19. меч на кој „црвени-црните“ не забележаа пораз во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.

Вардар во Горење настапи со преполовен тим без Стоилов, Борозан, Карачиќ и Милиќ, Канељас се повреди во порвото полувреме, но и покрај тоа домаќинот во ниту еден момент не успеа да ја оспори победата на фаворитот.

Македа и Циндриќ го предводеа Вардар со по седум гола, а гол помалку постигна Марсениќ.

Клупските натпреварувања на стариот континет ќе продолжат по Европското првенство во Хрватска. Вардар првиот меч ќе го одигра на 1.февруари кога ќе му гостува на Мешков Брест, а потоа на гости ќе игра и против Татран Прешов и Барселона.

Scroll to Top