Top Sport

Мурињо: Да мислев дека е готово, ќе бев во Бразил

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо инсистира дека борбата за титулата во Премиер лигата уште не е готова, и покрај тоа што нивните градски ривали со рекордна 15. победа во низа против Свонси останаа на 11 поени пред градските ривали.

За разлика од 4:0 гостинската победа на Сити, Јунајтед се намачи за 1:0 победа над Бурнемаут благодарение на голот на Ромелу Лукаку. Мурињо признава дека неговите играчи се уморни, но тоа не значи дека трката за титулата е завршена.

„Играме меч по меч и секој следен мораме да победиме. Сега имаме тежок меч кај Вест Бром, па ќе видиме потоа. Готово е во мај. Да беше готово сега ќе одев на одмор во Бразил или Лос Анџелес. Дали сме уморни? Да, но победите ќе помогнат“, изјави Мурињо.

Лукаку го постигна првиот гол во пет меча по 25 минути игра и Мурињо е задоволен.

„Трите поени се одлични, бидејќи мечот беше тежок. Имавме доста шанси, и со втор гол ќе беше поопуштено“, додава Португалецот.

Сити маршираше низ Велс, минималец за Јунајтед, само по бод за Ливерпул и Арсенал

Scroll to Top