Top Sport

Сити маршираше низ Велс, минималец за Јунајтед, само по бод за Ливерпул и Арсенал

Манчестер Сити ја продолжи победничката серија во Премиер лигата, Јунајтед запиша минимална победа, додека Арсенал и Ливерпул освоија само по еден бод во 17.коло.

Сити во Велс ја забележа 15.победа од почетокот на сезоната и се запиша во аналите на англискиот фудбал. Ниту еден тим во Премиер лигата не успеал да направи низа од 15 победи во една сезона.

„Граѓаните“ рутински го совладаа Свонси со 4:0. Два гола постигна Давид Силва, а по еден Де Брујне и Кун Агуеро.

Манчестер јунајтед постигна еден гол кој му беше доволен за да ги освои бодовите против Борнмут. Стрелец на голот беше Лукаку во 25.минута, по асистенцијата на Хуан Мата. Белгиецот со овој гол барем малку се извади за двата кикса во неделното дерби против Сити.

Вест Хем во лондонското дерби успеа да остане непоразен против Арсенал. Играчите на Арсен Венгер доминираа во поседот на топка, но не успеаја да ја пробијат обраната на Вест Хем.

Домаќинот на овој дуел ја имаше шансата на мечот во 90.минута, кога Чичарито Ернадез ја погоди гредата.

Сличен тек имаше и дуелот на „Енфилд“, каде Ливерпул не успеа да ја побие одбраната на ВБА. Свои шанси имаа и гостите од Бирмингем, кои на крајот повеќе се задоволни со освоениот бод.

Лестер одигра брилијантен натпревар во Саутемптон и забележа висока победа 4:1. „Лисиците“ победникот го решија до 38.минута кога три пати ја погодија мрежата на Саутемптон. Првиот гол го постигна Марез, а до крајот на полувремето по гол постигнаа Оказаки и Кинг. Во вториот дел Јоѓида намали на 1.3 во 61.минута, но само осум минути подоцна неговиот сонародник Оказаки со својот втор гол го постави конечниот резултат.

Тотенхем по убедливиот триумф над Стоук во неделата, запиша нова победа на домашен терен. Орије со својот прв гол во Премиер лигата и Сон беа стрелци во победата 2:0 над Брајтон.

Евертон со доаѓањео на Сем Алардајс ја надмина кризата и веќе четири натпревари е без пораз. „карамелите“ со голот на Руни славеа 1:0 во Њукасл.

На табелата лидер е Сити со 49 бода, 11 помалку има Јунајтед, трет е Челси со 35, а потоа со по 31 бод следуваат Тотенхем, Ливерпул и Барнли.

Scroll to Top