Турските гиганти Бешикташ наводно го загубиле трпението со голманот Лорис Кариус и сакаат да го поништат неговиот договор за позајмица веќе во јануари. Со ова, Германецот би се вратил во Ливерпул, каде што стана „непожелен“ по киксевите во финалето на ЛШ во 2018 против Реал Мадрид.
Турските медиуми тврдат дека Бешикташ веќе бараат замена на голманската позиција по разочарувачкиот старт на сезоната од Суперлигата и како прва мета го имаат голманот на Фулам, Фабри, кој во моментов е позајмен фудбалер во Мајорка.
Јирген Клоп му порача на Кариус дека може да си замине откако го добија Алисон Бекер од Рома, тогаш за рекордна сума, а доколку сега би се вратил на „Енфилд“ тој би бил практично трет голман по Алисон и Адријан, кој го заменуваше Бразилецот во седум меча оваа сезона.
Престојот на Кариус во Турција помина со многу критики за неговата форма, и како што може да се види од линкот со нови „навики“ за киксови.