Top Sport

ФИА ќе го „воспитува“ Ферстапен за одговорноста за безбедноста во Ф1

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ќе го потсети Макс Ферстапен и другите Ф1 возачи за почитувањето на жолтите знамиња за предупредување откако возачот на Ред бул не успори во таква ситуација на квалификациите за Мексиканското ГП по што ја загуби освоената пол-позиција со казна од три места.

22-годишниот Ферстапен беше казнет откако во изјавите за медиумите по квалификациите призна дека намерно не успорил во моменти кога Валтери Ботас го судри својот Мерцедес во финишот на сесијата. Директорот на трката, Мајкл Маси вели дека побарал стјуардите да го истражат Холанѓанецот и дека немало врска со интервјуто кое тој го дал.

Французинот Жил Бјанки доби фатални повреди на главата кога го судри својот болид на Марусија на Јапонското ГП во 2014 под жолто знаме. Истрагата за тој инцидент утврди дека Бјанки не успорил доволно и дозволил да ја загуби контролата на влажната патека. Сега Маси вели дека ќе има акција.

„Ќе разговараме на следниот состанок на возачите. Како и секогаш. Ќе имаме дискусија и со Макс по неговите коментари“, потврди Маси.

Scroll to Top