Top Sport

Стам веќе не е тренер на Феенорд, поразот од Ајакс му „пресуди“

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед и Милан, Јап Стам си даде оставка од позицијата тренер на Феенорд по само седум месеци, откако во неделата неговиот тим загуби со високи 4:0 на гостувањето кај шампионот Ајакс.

47-годишниот Стам успеа да победи во само три меча во првите 11 кола во холандската Ередивизие, а во неделата против Ајакс губеа со 2:0 по само седум минути игра, за на крајот да останат на 12. место на табелата.

Стам својата тренерска кариера ја започна во Англија во тимот на Рединг во јуни 2016, кога ги однесе до плеј-оф за влез во Чемпионшип, но си замина во 2018 по една победа во само 18 натпревари.

Ајакс го декласираше Феенорд за едно полувреме (видео)

Scroll to Top