Top Sport

Роналдо: Ривалството со Меси е здраво, не направи подобри фудбалери

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо верува дека неговото „здраво ривалство“ со Лионел Меси во периодот во кој тој беше фудбалер на Реал Мадрид го направил подобар фудбалер.

Двајцата имаат освоено по пет „Златни топки“ и еден куп други индивидуални награди и многумина ги сметаат не само за најдобри фудбалери во својата генерација, туку и во историјата. Роналдо помина девет години со Реал Мадрид пред во 2018 да отиде во Јувентус и Меси неодамна призна дека двојката се инспирирала во тие легендари битки.

„Многумина веќе кажаа дека двајцата се храневме со ривалството, дека тоа што бевме заедно во Шпанија не направи подобри. Секако дека е така. Го чувствував неговото присуство повеќе во Мадрид отколку во Манчестер. Тоа беше здраво ривалство, двајцата бевме симболи на своите клубови. Секогаш е убаво кога ќе добиеш комплимент и убаво е кога кажуваат дека си најдобар. Сега, го слушам тоа, но кога ќе заврши кариерата, тогаш нема да ми биде грижа бидејќи ќе се исклучам од тој свет“, вели Роналдо во интервју за „Франс фудбал“.

Иако многумина ја потенцираат напорната работа на Роналдо на патот до ѕвездите, тој сепак, признава дека успехот исто така е и прашање на талент.

„Прво, потребен ти е талент, бидејќи во спротивно нема да успееш да направиш многу. Но, исто така, талентот е бескорисен без напорна работа. Никогаш немаше да стигнам тука да немав добар режим на работа“, објаснува Роналдо.

Scroll to Top