Иако, секако, срцето секогаш им е покрај Ферари, два водечки италијански весници влегоа во интересна пофалба на Луис Хамилтон по неговата победа на Мексиканското ГП по која е на чекор до шестата светска титула.
„Вчера петкратниот светски шампион имаше ново ремек-дело, победувајќи ги Ферари и Ред бул на патека каде што неговиот Мерцедес не беше најбрз, давајќи отпор на Себастијан Фетел половина трка. Изгледаше неизбежно дека ќе биде поминат, но Хамилтон како и многу пати претходно ги надмина бројките и логиката. Тој е џин“, напиша Луиџи Перна во „Газета дело спорт“.
Стефано Манчини од „Ла стампа“ се согласи.
„Луис Хамилтон беше насмеан на подиумот во Мексико сити покрај својот болид откако имаше маестрална трка со брзина и техника која го шокираше Ферари. Мерцедес можеа да си дозволат да се ’коцкаат’ бидејќи знаат дека имаат неверојатен возач. За Британецот, ова е 83-та победа, само осум до Михаел Шумахер. Едноставно е, Луис Хамилтон е еден од најдобрите“, напиша Манчини.