Top Sport

Заврши сезоната за Малкуит

Десниот бек на Наполи, Кевин Малкуит, поради повреда ја заврши сезоната. Малкуит во неделата против СПАЛ (1:1) го скинал лигаментите во десното колено.

Наполи објави дека денес ќе му биде извршен оперативен зафат на десниот бек, а според прогнозите тој нема да се врати на фудбалските терени до крајот на сезоната.

Малкуит е четвртиот фудбалер од одбраната на Наполи што се повредил во изминатиот период. Тренерот Карло Анчелоти не може да смета на услугите на Марио Руи, Никола Максимовиќ и Елсеид Хисај.

Наполи наредниот меч ќе го одигра против Аталанта во среда.

Scroll to Top