Top Sport

Сефте за Вориорс, доминација на Ембид, Харден броеше до 40 (Видео)

Единаесет натпревари се одиграа синоќа во НБА лигата. Расел Вестбрук по трејдот во Хјустон го одигра првиот меч против Оклахома, додека Голден стејт Вориорс по двата катастрофални порази ја забележаа првата победа во новата сезона.

Хјустон победија во дуелот со Оклахома 116:112, а Вестбрук во првиот настап против поранешниот клуб забележа 21 поен, 12 скока и девет асистенции. Мечот го обележа Џејмс Харден кој постигна 40 поени. Интересно Харден 21 поен постигна од линијата за слободни фрлања.

Оклахома ја предводеа Денис Шрудер и Шај Гилџурс-Александер со по 22 поени.

Голден стејт Вориорс славеа во дуелот со Њу Орлеанс Пеликанс 134:123. Стеф Кари постигна 26 поени, имаше и 11 асистенции, а Дрејмонд Грин забележа трипл-дабл (16 поени, 17 скока, 10 асистенции). Одличен меч одиграа и Дианџело Расел (24 поени), односно Дејмонд Ли (23 поени).

Пеликанс немаат победа од стартот на сезоната, а најефикасен беше Брендон Инграм со 28 поени.

Максималниот ефект од почетокот на сезоната го задржаа кошаркарите на Филадлефија.

Против Атланта тие победија во драматична завршница 115:113, со поените на Џоел Ембид постигнати на пет секунди до крајот на мечот. Ембид доминираше со 36 поени и 13 скока.

Резултати:

Детроит Пистонс-Индијана Пејсерс 96:94
Њујорк Никс-Чикаго Булс 105:98
Торонто Репторс-Орлансо Меџик 104:95
Милвоки Бакс-Кливленд Кавалирс 129:112
Сан Антонио Спарс-Портланд Трејлблејзерс 113:110
Финикс Санс-Јута Џез 95:96
ЛА Клиперс-Шарлот Хорнетс 111:96.

Scroll to Top