Top Sport

Клоп без Матип уште најмалку две недели

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, одреден период нема да може да смета на Камерунецот Жоел Матип.

Матип поради повреда на скочниот зглоб ги прпушти натпреварите се Генк во Лигата на шампионите и Тотенхем во Премиер лигата.

Англиските медиуми пишуваат дека Матип би можел да се врати во тимот по репрезентативната пауза која на програмата е во средената на ноември, а не ја исклучуваат можноста тој на терените да се врати дури на почетокот на декември.

Веројатно е дека Матип ќе ги пропушти дуелите против Арсенал (Лига куп), Астон Вила (Премиер лига), Генк (Лига на шампиони), а веројатно ќе отсуствува и од дербито со Манчестер сити во домашниот шампионат.

Scroll to Top