Поразот од Шефилд Јунајтед и нерешениот резултат со Кристал Палас ја направија неизвесна иднината на Унаи Емери во Арсенал.
Арсенал во неделата имаа 2:0 против Кристал Палас но не победија. Мечот заврши 2:2, а го обележа расправијата на капитенот Гранит Џака со навивачите, кога го напушташе теренот.
Англиските медиуми поради овој инцидент излегоа со тврдењата дека Емерик повеќе нема контрола во соблекувалната. Според нив постојат седум имиња што можат да го наследат на клупата.
Микел Артета, Хулен Лопетеги, Ралф Ранкинг, Хорхе Сампаоли, Патри Виера, Масимилијано Алегри и Тиери Анри.
Таблоидот „Сан“ пишува дека сите наведени тренери биле на интервјуирани во 2018 година по заминувањето на Арсен Венгер.
Од тогаш до сега разликата е таа што Артета се споменуа како наследник на Пеп Гвардиола во Сити, додека Лопетеги и Виера имаат работа во Севилја односно Ница.
Истиот извор тврди дека во опција ќе останат двајца Алеги и Анри.