Top Sport

Федерер се повлекол од уште еден турнир

Роџер Федерер нема да учествува на АТП-купот во јануари, во Австралија.Швајцарецот сакал повеќе време да помине со семејстовот.

Првиот АТП-куп ќе се одржи од 3 до 12 јануари во Бризбејн, Перт и Сиднеј. На Купот ќе учествуваат најдобрите 24 екипи според пласманот на АТП-листата.

„Жалам што морам да објавам дека нема да учествувам на ова натпреварување. Разговарав со семејството и мојот тим околу плановите за наредната сезона и заклучив дека двете недели што ќе ги минам дома ќе имаат добро влијание врз моето семејство и мојот тенис“, ја соопштија одлуката на Федерер организаторите на првиот АТП куп.

Инаку на АТП-купот досега пласман избориле 18 земји. Останатите шест ќе бидат познати по 13 ноември.

По четири репрезентации ќе се натпреваруваат во секоја од шестте групи. Системот е секој со секого, а победниците на групите и две најдобро второ-пласирани ќе продолжат во финалната рунда.

Scroll to Top