Интер синоќа со 2-1 славеше на гостување кај Бреша во рамки на вонредното 10 коло во Серија А.
Во центарот на вниманието на мечот се најде напаѓачот на Бреша, Марио Балотели кој дел од почетоците на својата кариера ги имаше токму во клубот од „Џузепе Меаца“.
Потоа „сино-црниот“ дрес го замени со оној на големиот ривал Милан, па навивачите на „нероазурите“ тоа не му го заборавиле.
Синоќа го навредуваа од трибините, но и „Супер-Марио“ не им остана должен. Им покажа среден прст, што не им избега на фоторепортерите позади голот.
Photo: #Balotelli shows #Inter ultras the middle finger https://t.co/ZUwfPZrFr0 pic.twitter.com/9PFH47jJwx
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) October 30, 2019