Јусеин Болт, поранешниот најбрз човек на светот, очигледно реши да оди полека во уживањето во пензионерските денови, откако со својата девојка Каси Бенет се пофали на плажите во Фукет, Тајланд.
31-годишниот Јамајчанец се повлече од атлетиката во август со неславен настап на Светското првенство во Лондон – каде што прво беше поразен во трката на 100 метри од Американците Џастин Гетлин и Крис Колмен и освои само бронза, за потоа да се повреди во штафетата 4х100 метри во последната трка во кариерата.
Неодамна, тој беше почестен со статуа пред „Националниот стадион“ во Кингстон, кој беше откриен од премиерот Ендру Холнес на местото каде што пред 15 години ја освои светската јуниорска титула.