Олимпијакос на гости му го нанесе првиот пораз во новата сезона од Евролигата на актуелниот шампион ЦСКА Москва, триумфирајќи во Русија со 84:79 за втора победа оваа сезона.
Брендон Пол постигна 20 поени и шест скока за Олимпијакос, додека Кевин Пантер додаде 16 поени, за Олимпијакос да се одвои на 76:69 на 2:13 пред крајот со тројката на Пол. Мајк Џејмс (22 поени, 6 скока, 5 асистенции) беше најдобар за ЦСКА, заедно со Кајл Хајнс со 19 и Даран Хилард со 17 поени.
Нов пораз доживеа и Фенербахче, откако не успеа да направи кам-бек и загуби со 67:55 на гостувањето кај Макаби Тел Авив за по пет кола во Евролигата тимот на Жељко Обрадовиќ да има изненадувачки 1-4 скор. Омри Каспи беше клучниот кошаркар за израелскиот клуб со 13 поени, 6 скока и 4 асистенции.
И Реал Мадрид доживеа гостински пораз, откако Грег Монроу со 18 поени ги предводеше Баерн Минхен до 95:86 победа над шпанскиот клуб. Баерн успеа да го изддржи притисокот во последната четвртина за да ја забележи третата победа оваа сезона.
ЕВРОЛИГА, 5.КОЛО
ЦСКА Москва – Олимпијакос 79:84 (24:18, 15:25, 21:21, 19:20)
Жалгирис Каунас – Зенит Санкт Петербург 70:82 (18:14, 10:14, 15:16, 19:18, 8:20)
Макаби Тел Авив – Фенербахче 67:55 (12:6, 29:15, 11:20, 15:14)
Баерн Минхен – Реал Мадрид 95:86 (22:20, 19:18, 26:19, 28:29)
Барселона – Валенсија 83:77 (21:19, 23:22, 18:24, 21:12)