Top Sport

Покетино ќе го менува Ковач во Баерн?

Аргентинскиот тренер, Маурисио Покетино е прва желба на Управата на Баерн Минхен за позицијата тренер на клубот, пишуваат германските медиуми.

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ го означи менаџерот на Тотенхем како прв кандидат за наследник на Нико Ковач кој повторно е на удар на јавноста поради променливите игри на клубот.

Вториот кандидат за тренер на баварскиот клуб е кормиларот на Ајакс, Ерик тен Хаг. Сепак предност има Покетино на кого оваа сезона не му „цветаат рози“ во лондонскиот клуб.

Интересно е тоа што и двата клуба се во истата Б група од Лигата на шампиони, во која уште се и Олимпијакос и Црвена Звезда.

Scroll to Top