Top Sport

Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Париз, го чека двобој со Циципас

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 2-0 (по сетови 7-6 и 6-1) го победи Кајл Едмунд и се пласираше во четвртфиналето на тенискиот Мастерс турнир во Париз. Ѓоковиќ, кој се уште е прв на тениската АТП листа се мачеше со ритернот.

Ѓоковиќ лесно излегуваше на крај со противникот при својот сервис, но Британецот добро се држеше во првиот сет.

Неколкупати Србинот имаше шанса за брејк, но можностите одеа во неповрат. Така беше и при 5-5, Новак го освои следниот гем и кога иташе кон лесно освоен сет, Едмунд изедначи и сетот отиде во тај брејк.
Сетот му припадна на фаворитот, по многу борба, со 9-7.

Во вториот сет друга приказна на теренот во Париз. Психички силен, Ѓоковиќ на противникот му овозможи освојување на само еден гем за победа.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ за противник го има Гркот Стефанос Циципас, кој денеска лесно славеше во дуелот со Де Минаур со 2-0 (6-3 и 6-4).

Во останатите досега завршени мечеви од денешната програма во Париз, Гарин по голема борба со 2-1 славеше против Шарди, додека Димитров излезе како победник во дуелот со Доминик Тим со 2-0.

Scroll to Top