Бранислав Ивановиќ е фудбалер со големо искуство кое секако му дава за право да смета дека знае многу за фудбалот и тактиката, но тоа не мора да го прави пред камера, нели?
При мечот од Купот на Русија (4:0 победа над Томск), Ивановиќ беше на клупата и јасно ја објаснуваше тактиката на тимот на својот соиграч Јуриј Жирков. За „среќа“ нивниот соиграч, Аргентинецот Дриуси им посочи дека се на големиот екран на прекрасниот стадион „Газпром арена“.
Ивановиќ потоа застана и се обиде да го „збуни“ противникот.
When you realise you’ve just told the whole stadium your team’s tactics ??♂️pic.twitter.com/epNn4UL8h9
— FC Zenit in English? (@fczenit_en) October 31, 2019