Top Sport

Пике демантира расправии во Барса: Лео и Гризи се согласуваат сосема добро

Жерард Пике инсистира дека ѕвездите на Барселона, Лионел Меси и Антоан Гризман се согласуваат одлично по шпекулациите во шпанските медиуми дека Меси „намерно не го игра“ својот нов француски соиграч.

Овој месец, пак, Гризман изјави дека е „тешко“ да се поврзе со Меси, бидејќи двајцата не се големи „муабетчии“, а шпекулациите велеа дека Меси наместо Гризман сакал во тимот да го донесе Нејмар. Меси ова го нарече „лага“ и инсистираше дека нема проблеми со Французинот, а сега се вмеша и Пике.

„Премногу се зголемуваат сите работи. Лео и Гризи се согласуваат сосема добро, исто како Лео и Дембеле или Лео и Педро. Секако, со Луис Суарез е поинаку, бидејќи се речиси како браќа. Но, само поради тоа што му оди дружбата со Луис не значи дека не се согласува добро со Гризман“, вели Пике.

Scroll to Top