Капитенот на Арсенал, Гранит Џака даде објаснување за случките од дуелот со Кристал палас минатиот викенд, кога ги провоцираше и пцуеше сопствените навивачи, велејќи дека на тоа му претходеле закани кон него и кон неговото семејство.
Џака излезе од игра во финишот на 2:2 ремито во кое Арсенал пропушти 2:0 водство и швајцарскиот репрезентативец потклекна на атмосферата, откако дел од навивачите му свиркаа. Четири дена по инцидентот, Џака конечно се јави преку Твитер акаунтот на Арсенал.
„По одредено време кое ми беше потребно да се посветам на тоа што се случи во неделата попладне, би сакал да видадам објаснување, наместо брз одговор. Тоа што се случуваше кога излегував од игра ме погоди многу. Го сакам овој клуб и секогаш сум давал 100 отсто за него. Моите чувства не беа разбрани од навивачите, и постојаните коментари на мечевите и на социјалните мрежи последните недели ме повредија многу. Луѓето ми велеа работи како: ’Ќе ти ги скршиме нозете’, ’ќе ти ја убиеме жената’, ’ќерката д ти добие рак’. Тоа ме вознемири длабоко и дојде до точка на вриење кога го почувствував тоа на стадионот во неделата. Дозволив тоа да ме понесе и реагирав на начин со кој покажав непочитување кон навивачите кои го поддржуваат овој клуб, овој тим и мене лично со позитивна енергија. Тоа не беше мојата цел и жалам ако луѓето мислеа така. Сакам да се вратам на позиција на взаемна почит, да се потсетиме зошто го сакаме фудбалот. Заедно да одиме позитивно“, напиша Џака.
Тој не беше дел од тимот кој одигра трилер-меч со Ливерпул на „Енфилд“ (5:5), пред да загубат на пенали. Уште не е јасно дали Унаи Емери ќе го заддржи Швајцарецот како капитен на домашниот меч со Вулверхемптон овој викенд.
The following is a message from Granit Xhaka… pic.twitter.com/YG5lBKmQvi
— Arsenal (@Arsenal) October 31, 2019
Каков е ова капитен? Џака ги пцуеше и провоцираше сопствените навивачи (видео)