Попладнево во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени четврт-финалните двојки во Купот на Македонија.
Дербито во оваа фаза ќе го одиграат Работнички и Шкендија. Бранителите на титулата Академија Пандев за противник го добија Шкупи.
Струга пласман во полу-финалето ќе бара преку Ренова, а меѓу четирите најдобри сигурн ќе има еден второлигашки тим бидејќи ждрепката ги спои Брегалница и Лабуништа.
Куп на Македонија, четврт-финале:
Работнички-Шкендија
Брегалница-Лабуништа
Шкупи-Академија Пандев
Струга-Ренова
Првите натпревари се закажани за 4 декември, а реваншите ќе се играат на 4 март 2020 година.
фото/fkrabotnicki.com